Гвардиола остана без една од најголемите ѕвезди за двомечот со ПСЖ?

Манчестер сити загуби во полуфиналето на ФА-купот од Челси со 0-1, но поголем проблем е тоа што се повреди еден од најдобрите фудбалери на „граѓаните“, а тоа е Кевин Де Брајне.

Тренерот Пеп Гвардиола е загрижен затоа што се повреди Де Брајне, па кажа дека утре ќе бидат направени медицински прегледи.

„Утре ќе одиме на преглед на доктор, но не изгледа добро“, кажа Гвардиола по поразот на неговиот тим.

Гвардиола ќе биде во голем проблем дoколку не може да смета на Де Брајне во дуелите против ПСЖ во Лигата на шампиони, зашто Белгиецот сезонава играше во врвна форма и на 35 меча постигна осум гола и 16 асистенции.