Гвардиола на дефанзивци има потрошено речиси половина милијарда фунти

Пеп Гвардиола откако седна на клупата на Манчестер сити во летото 2016 година досега има потрошено неверојатна сума на пари за одранбени фудбалери. 

За четири години, шпанскиот стратег инвестирал 410 милиони фунти во одбраната. Последното негово големо засилување, Рубен Дијас од Бенфика го чинеше Манчестер сити 65 милиони фунти. Претходно плати 58,5 милиони за Жоао Кансело, Ајмерик Лапорт 58,5, Бенжамин Менди 52 милиони, Џон Стоунс 50 милиони, Кајл Вокер 47 милиони, Нејтан Аке 41 милион, Данили 27 милиони и Анхелињо 11 милиони.

Останува да видиме дали конечно ќе биде задоволен од тоа што го купил сезонава менаџерот на Сити или во јануари можеби ќе освежува со уште некое име.