Гвардиола ги пецна Јунајтед и Арсенал: Само Сити ви боде очи кога троши пари

Денеска се среќаваат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во финалето од англискиот Суперкуп, а интересно е тоа што пред мечот, новинарите на Островот повторно ги интересираше што мисли Пеп Гвардиола за засилувањата на ривалите.

Години наназад постојано се зборува за тоа што Сити многу троши и дека со пари ги освојува трофеите. Гвардиола апсолутно не се согласува со тоа.

„Јунајтед и Арсенал го прават тоа со години, но тоа никогаш не е вест. Тоа е вест само кога Сити троши пари. Ме загрижува, секако, тоа што такви силни екипи се засилауваат. Се прават за да ја освојат круната која е наша веќе четири години“, изјави Гвардиола.

Ова лето Јунајтед потроши 107 милиони евра за Лени Јоро и Џошуа Зиркзе и планира да купи уште двајца фудбалери. Арсенал го донесе Рикардо Калафиори за 45 милиони, а Сити го купи само Савињо за 25 милиони евра, но од францускиот клуб Троа кој е дел од истата групација.