Гвардиола е на врвот во Англија, заработува двојно повеќе од Артета!

Познатиот медиум „Сан“ ги објави платите на тренерите во Премиерлигата, а на врвот се наоѓа стратегот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кој нема конкуренција.

Гвардиола заработува 20 милиони фунти годишно, односно двојно повеќе пари од Микел Артета кој е на второто место на листата, додека во топ-3 се наоѓа Унај Емери кој добива осум милиони фунти од Астон вила.

На четврто место се наоѓа Ерик Тен Хаг од Манчестер јунајтед со 6,75 милиони фунти, а по него следи Арне Слот од Ливерпул со 6,2 милиони фунти.