Гвардиола: Договорот на Халанд? Не ми се веруваше!

Ерлинг Халанд пред некој ден стави потпис на девет ипол годишен договор според кој во Манчестер Сити ќе остане до 2034 година. Должината на договорот ги изненади сите, па дури и Пеп Гвардиола.

Таквиот договор значи дека Халанд целата кариера ќе му ја посвети на Манчестер Сити, бидејќи договорот кога ќе заврши тој ќе има 34 години.

„Кога Феран Сориано ми кажа за договорот на Халанд, јас реков... извини? Како? Се разбира не можев да поверувам! Не се случило претходно!“, рече Гвардиола.

„Тој ми рече дека сака да го убеди Халанд да остане тука уште 10 години! И тоа се случи! Клубот, Ерлинг, неговиот агент, семејството, сите го сакавме тоа“.