Гвардиола демантира: Тајна клаузула? Немам такво нешто во договорот со Сити!

Англиските медиуми ги шокираа навивачите на Манчестер сити, откако објавија дека тренерот Пеп Гвардиола има во договорот тајна клаузула, која му дозволува да го напушти тимот следното лето.

Шпанскиот стратег се огласи по денешните шпекулации и порача дека такво нешто нема во неговиот договор.

„Не е вистина. Јас зборував веќе за тоа и за моите намери во клубот“, порача Гвардиола.