Гвардиола: Ако не се пласираме во ЛШ, некои фудбалери нема да дојдат во Сити!

Манчестер сити има катастрофални резултати оваа сезона и се бори за место во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Пеп Гвардиола е свесен за тешката ситуација во која се наоѓа гигантот.

Гвардиола кажа дека клубот мора да се пласира во ЛШ доколку сака да ангажира звучни имиња, затоа што во спротивно ѕвездите нема да дојдат во Манчестер.

„Сигурен сум дека фудбалерите прво ќе бираат екипи кои се пласирале во Лига на шампиони. Ако не се пласираме, тогаш некои нема да нè изберат нас“, вели Гвардиола.