Гризман со мајсторија му покажа на Сетиен дека местото не му е на клупа (ВИДЕО)

Барселона игра одличен фудбал на гостувањето кај Вилјареал и моментално води со 3-1 на полувремето.

Антоан Гризман игра одлично, па откако го натера Торес да си постигне автогол за 0-1, погоди за водство од 1-3 во финишот на првиот дел на мајсторски начин. Французинот реализираше со лоб од далечина во стилот на својот соиграч Лионел Меси, кој впрочем беше асистент.