Гризман, Меси и Суарез го „треснаа“ Еибар за победа на Барселона (ВИДЕО)

Барселона успеа да слави во деветтото коло од шпанската Ла Лига против Еибар со 3-0, па се искачи на првото место на табелата со 19 бодови, односно еден повеќе од Реал Мадрид, кој има одиграно меч помалку.

Антоан Гризман во 13. минута од мечот ја погоди мрежата на домаќините, а во второто полувреме во листата со стрелци се запишаа и Лионел Меси и Луис Суарез, кои ги поставија конечните 3-0.

Еибар имаше неколку шанси во текот на мечот, но не успеа да ја затресе мрежата на Каталонците.