Гризман со прва изјава за ситуацијата со Меси: Не знаеме што се случува...

Лионел Меси побара од клубот да го раскинат договорот, по што се појавија шпекулации дека ќе остане уште една сезона во Барселона, а засега ниту неговите соиграчи не знаат што точно се случува со Аргентинецот.

Антоан Гризман за првпат зборуваше на оваа тема и кажа дека не знае што се случува.

„Се обидуваме да дознаеме што се случува, но тоа е меѓу него и клубот. Само се надевам дека ќе остане со нас. Има многу шпекулации, новинарите најверојатно знаат повеќе детали“, кажа Гризман.