Голманот на Тулуз во штрајк зашто клубот донел хрватски чувар на мрежата?!

Резервниот голман на хрватската репрезентација Ловре Калиниќ пред неколку дена го комплетираше трансферот од Астон Вила во француски Тулуз, ама неговото доаѓање според последните информации од земјата на светските прваци направи проблем во соблекувалната на клубот.

Тулуз го донесе Калиниќ на заем до крајот на сезонава, по што Французите ќе решат дали ќе го откупат договорот и ангажманот на Хрватот е да помогне во обидот да се спаси сезоната и да се избегне испаѓање во Лига 2. Но, најсреќен во ситуацијата не е Баптист Рејне, досегашната „единица“, кој очигледно не сака сериозна конкуренција, па почнал штрајк.

Рене сметал дека е предаден од клубот, дека повеќе немаат доверба во него, па сега почнал бојкот и не доаѓа на тренинзи. Веќе е извесно дека со овие потези практично бара алтернатива да биде продаден во друг клуб.

Сезонава тој бранеше на сите мечеви за Тулуз и во 20 меча во Лига 1 прими 44 гола.