Голманот на Мајнц му подари триумф на Аугзбург (ВИДЕО)

Аугзбург славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Мајнц во рамки на 23.коло во Бундеслигата. 

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Андре Хан во 25-тата минута, кој буквално беше подарок од домашниот голман Робин Цетнер. 

По овој пораз Мајнц останува во зоната за испаѓање, односно на претпоследното 17-то место на табелата со 16 бодови, додека Аугзбург е 13-ти со 26 бода.