Голеада во Ница и три бодови за Монако!

Монако излезе како победник во голеадата во Ница (3-2) во 21. коло од француската Лига 1.

Закарија во 16. минута стрелаше за 1-0, по што Лаборд израмни на 1-1. Сепак, на почетокот на второто полувреме Закарија погоди по вторпат.

Проблем за домаќините беше и црвениот картон за Данте во 54. минута, но и покрај тоа успеа да израмни на 2-2 во 74. Минута.

Херој на „кнезовите“ беше Головин, кој во 77. минута ја затресе мрежата на Ница за 3-2.

Монако е третопласиран со 38 бодови, односно еден бод помалку од Ница, додека лидер е ПСЖ со 50 бода.