Гол и асистенција за Антони: Бетис го „разнесе“ Реал Сосиедад (ВИДЕО)

Бетис успеа да слави со 3-0 против Реал Сосиедад, а повторно одличен настап имаше Антони, кој се препороди во Шпанија по доаѓањето од Манчестер јунајтед, каде што беше прогласен за големо промашување.

Проблемите за Сосиедад почнаа во 20. минута кога на гостите им беше покажан црвен картон, по што Ло Селсо не реализира пенал во 33. минута.

Стрелец на првиот гол за Бетис беше Антони во 51. минута, а потоа му асистираше на Рока, кој со два погодоци ги постави конечните 3-0.

Бетис со оваа победа се искачи до осмата позиција и има 32 бодови, додека Реал Сосиедад остана на 11. место со 31 поен.