Глупост на годината: Меси доби жолт картон за прославата во чест на Марадона (ФОТО+ВИДЕО)

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси денеска даде прекрасен гол за Барселона, па многу емотивно го прослави погодокот во чест на својот идол и легендата Диего Армандо Марадона, кој во средата почина на 60-годишна возраст.

 

Меси после голот го соблече дресот на Барселона, а под него беше дрес на Њувилс Олд Бојс и со бакнеж и поглед кон небото му одаде почит на фудбалскиот Бог, кој му беше и селектор во аргентинската репрезентација.

Но, без оглед на емотивниот момент, на фактот дека сѐ деновиве е посветено кон големиот Диего, судијата на мечот, реши да се држи строго за правилата, па му залепи жолт картон на Меси зашто го соблелкол дресот на Барса.