Ѓоковиќ типува: Партизан оди на фајнл-фор!

Евролигата влегува во завршниот дел од регуларната сезона, Новак Ѓоковиќ типуваше кои четири екипи ќе играат на фајнл-фор турнирот.

Партизан води голема борба за да се пласира во плеј-ин, но Ѓоковиќ верува дека црно-белите не само што ќе го направат тоа, туку ќе стигнат и до фајнл-фор.

Покрај Партизан, според него таму ќе се најдат и Панатенаикос, Монако и Олимпијакос.