Германската „цврста рака“ на Флик е најзаслужна за ѕверските партии на Барса!

Екипата на Барселона игра феноменално на почетокот од новата сезона, прва е во ЛА Лига со девет победи во десет меча, а нејзината моќ пред неколку дена ја почувствува и Баерн Минхен (4-1) во Лигата на шампионите.

Сите пофалби одат на сметка на тренерот Ханси Флик, кој воведе ред и дисциплина, а воедно и наметна авторитет. Германскиот стручњак воведе десет јасни правила, кои секој мора да ги почитува. Тој од фудбалерите бара да бидат професионалци, па затоа засега нема систем со казни. Во текот на летото имаше проблеми со Ламин Јамал, кој постојано доцнеше, па неколку пати мораше да биде „каран“.

1. Точност

Играчите и членовите на стручниот штаб мора да пристигнат во тренинг центарот 90 минути пред тренингот. Флик дава пример, бидејќи тој речиси секогаш пристигнува прв. Се очекува фудбалерите да појадуваат во објектот, додека Флик го користи ова време за да се консултира со својот персонал, да разговара за тренинзите, да проверува кај лекарите дали има повредени играчи.

2. Дневна проверка на тежината

Пред секој тренинг, од играчите се бара да се мерат. Овие податоци се евидентираат и оценуваат на неделно ниво. Досега никој не морал да добие опомена. Од времето на Луис Енрике немало толку ригорозно следење на физичките параметри. Флик додаде дури и стоматолошки прегледи на медицинските тестови на играчите за да обезбеди сеопфатна проценка на здравјето.

3. Задолжителни навики во исхраната

Сите членови на тимот мора да јадат во клупската менза и тоа без исклучок. Иако не мораат сите да вечераат заедно поради различните распореди, сите треба да јадат од бифето подготвено од тимската нутриционистка Силвија Тремоледа. И поранешниот тренер Чави ги охрабрил играчите да јадат во објектот, иако тоа не било задолжително.

Целиот текст и сите 10 правила може да ги прочитате ТУКА.