Гатузо се премисли: Елмас и другарите нема да тренираат во среда!

Фудбалерите на Наполи требаше во среда да се вратат на тренинг, но тие планови пропаднаа, а информацијата ја потврди италијанскиот клуб на социјалните мрежи.

Тренерот Џенаро Гатузо сакаше да одржи тренинг и покрај тоа што ситуацијата во Италија е алармантна поради коронавирусот, но по долги убедувања Италијанецот конечно решил да попушти и да го откаже тренингот.