Галтие две години на клупата на ПСЖ

ПСЖ и Ница синоќа се договориле тренерот Гристоф Галтие да се пресели на „Паркот на принцовите“ за да го преземе шампионот. 

Парижаните ќе платат 10 милиони евра обештетување за францускиот стратег, кој ќе го наследи Маурисио Покетино. Галтие ќе потпише двегодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона. Тој во Париз ќе пристигне со целиот свој стручен штаб, кој брои петмина помошници.

Официјализацијата на трансферот на Галтие ќе биде веднаш штом клубот се договори со Покетино за обештетувањето за предвремениот раскин на договорот.