Галијани откри зошто Малдини не прифатил функција во Милан во минатото

Паоло Малдини ќе биде запаметен како еден од најголемите фудбалери во историјата на овој спорт и меѓу најдобрите што некогаш го носеле дресот на Милан. 

Целата своја 25-годишна кариера ја мина кај „росонерите“, кои во негова чест го повлекоа дресот со број 3. Поранешниот потпретседател на Милан, Адријано Галијани, а сега во Монца, откри зошто клупската легенда не прифатил да биде функциониер во клубот во ерата на Силвио Берлускони. Галијани беше задолжен за сите трансфери и операции во клубот, она што сега Малдини го извршува во Милан. 

„Зошто Паоло му се приклучи на Милан како директор веднаш откако си заминав? Му ја понудив секоја можна позиција во клубот, што не беше моја и тој не прифати ниту една. Не му ја дадов мојата позиција, бидејќи не сум толку великодушен и не сакав да го напуштам клубот. Дури му ја понудив и улогата да биде одговорен за целиот младински погон. Можеби едноставно не требаше да се случи тоа во тој момент. Работите отидоа во овој правец и сега им демонстрира на сите дека е голем директор. Го прегрнувам на секој натпревар со искреност и навистина сум среќен за него“, рече Галијани. 

Популарниот „ќелавко“ беше прв оперативец на Милан речиси 30 години, колку што клубот беше во сопственост на Силвио Берлускони. Интересно и покрај тоа што двајцата сега ја предводат Монца, често се дел од ложата на „Сан Сиро“ и го подржуваат Милан.