Фулам го изненади Ливерпул, Тотнем конечно победи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул претрпеа изненадувачки пораз од Фулам со 3-2 и така пропуштија да ја зголемат предноста на врвот на табелата во однос на Арсенал кој вчера ремизираше со Евертон.

Не изгледаше дека денеска ќе видиме изненадување кога Мекалистер постигна убав погодок и го доведе Ливерпул во водство по 14 минути игра, но до крајот на првиот дел домаќините постигнаа три гола. Прво Сесењон стрелаше за 1-1 за потоа Ивоби да погоди десетина минути подоцна за целосен пресврт.

Нигериецот беше дел и од третиот гол кога му асистираше на Родриго Муниз.Во вториот дел видовме само еден гол кој го постигна Луис Диаз за конечни 3-2.

Тотнем конечно успеа да победи и тоа против веќе отпишаниот Саутемптон со 3-1. Два гола за домаќините постигна Џонсон, а еден беше дел на Тел. Утешниот гол за гостите го постигна Фернандеш.

Во преостанатиот натпревар Брентфорд и Челси одиграа без победник 0-0.

На табелата сега Ливерпул со 63 бода има 11 повеќе од Арсенал, додека Челси кој е на 53 му даде прилика на Манчестер сити со евентуална победа во градското дерби со Манчестер јунајтед да го прескокне на четвртата позиција. Тотнем е во долениот дел на табелата на 13-тата позиција со само 37 бода.