Фудбалерите на Ливерпул бараат правда за убиениот Афроамериканец (ФОТО)

Жителите во САД во последните неколку дена беа потресени од смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од страна на тамошната полицијата.

Имено, полицијата го уби Флојд на улица иако тој упорно им кажуваше дека не може да дише и дека воопштно не се спротивставува на фактот за негово апсење. Но, еден од полицајците не сакаше да го слушне, па од добиен удар во вратот Флојд почина.

Поради ова убиство започнаа големи протести во САД бидејќи беше убиен уште еден човек со темна кожа во оваа земја од страна полицијата. На протестите им се придружија многу познати личности, а повеќемина на социјалните мрежи изјавија дека бараат правда за убиениот Флојд.

Овој пат и екипата на Ливерпул се приклучи во барањето правда за убиениот Aфроамериканец. Фудбалерите на „црвените“ за време на денешниот тренинг се спуштија со едното колено на земја како почит кон Џорџ Флојд.