Фудбалер од Премиер лигата призна дека е хомосексуалец: Како го доживувам ова?

Се поголем е бројот на професионалните фудбалери кои решија да признаат дека се хомосексуалци.

Главно, тие се решија на тоа по крајот на кариерата, затоа што сè уште не можат да излезат јавно од страв дека ќе бидат осудени од колегите фудбалери, а особено навивачите.

Еден од играчите од англиската Премиер лига реши да признае дека е геј. Тој испратил писмо до фондацијата што ја поддржува оваа популација, но не му било дозволено да го открие името.

Јас сум геј. Само што го пишувам ова писмо е голем чекор за мене. Како го доживувам ова? Од ден на ден. Понекогаш сето тоа е вистински кошмар и многу влијае на моето ментално здравје. Се чувствувам заробено и фактот дека не можам да ја откријам вистината за тоа што ги направив работите уште полоши, истакна неименуваниот хомосексуалец.

Исто така, анонимниот фудбалер посочи дека никој во неговиот тим не знаел дека е геј и дека искрено се плаши од што би се случило доколку сè јавно признаел.