Фудбалер на Арсенал наместо за титула наскоро ќе бори за – слобода на Украина (ВИДЕО)

Фудбалерот на Арсенал, Олександр Зинченко, е познат по острите изјави поврзани со војната во Украина, па не е чудно што во интервју за „Би-Би-Си“ откри дека без да размислува би земал пушка ако би бил повикан да ја брани својата земја.

Тој позитивно одговори на прашањето дали би отишол да војува.

„Одговорот е јасен, би одел во војна. Знам дека многумина мислат дека ми е полесно тука во Лондон отколку во Украина. Навистина се надевам дека војната наскоро ќе заврши“, изјави Зинченко.

Многуте негови пријатели во моментов се на фронтот во Украина каде што се борат против рускиот агресор

„Тешко ми е да разберам дека не толку одамна сите бевме во училишни клупи, во исто училиште, игравме на улица, игравме фудбал, а сега тие треба да ја бранат државата. Но, така е. Тешко е да се разбере, но не смееме да се откажеме“, дополни Украинецот.

Фудбалерот на клубот од Северен Лондон откри и дека донирал над милион фунти за своите сонародници во Украина.

„Ситуацијата во мојата земја е многу тешка и сите сме горди на претседателот. Не можев да бидам повеќе горд на себе што сум Украинец отколку што сум сега“, дополни Зинченко.

Тој на крајот испрати силна порака до сите Украинци.

„Никогаш нема да заборавиме што му направија на мојот. За тоа ќе им раскажувам на моите деца, а тие на нивните деца. Ова не може да се толерира. Која е мојата должност во вакво време? Како можам да ѝ помогнам на мојата земја, на мојот народ таму? Мојот сон е оваа војна конечно да заврши и дека наскоро, навистина наскоро, ќе можеме да ја обновиме Украина како што сакаме“, заврши фудбалерот на „топчиите“.

Арсенал во моментов е на втората позиција во Премиер лигата со 68 бодови, два помалку од лидерот Ливерпул, а еден повеќе од Манчестер Сити.