Фудбалер на Ајакс се разбуди од кома по речиси три години!

Талентираниот фудбалер на Ајакс, Абделах Нури, се пробуди од кома по речиси три години (две години и девет месеци).

Мароканецот  во јули 2017 година, на еден пријателски натпревар против Вердер Бремен, падна како покосен на теренот, па итно беше префрлен во болница каде му беше констатиран проблем со срцето.  

Во тие моменти неговата здравствена состојба беше премногу лоша, лекарите открија големо оштетување на неговиот мозок, а прогнозите не беа воопшто добри. Сепак неговата фамилија денеска можеше да слушне одлична вест.