Франкфурт со „петарда“ за Арминија, Мајнц го „сопна“ Лајпциг (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт славеше со 5-1 против Арминија Билефелд во 18. коло од германската Бундеслига, додека Мајнц го шокираше Лајпциг со 3-2.

Франкфурт тргна фуриозно во првиот дел од мечот, па постигна два гола преку Силва и еден преку Костиќ за водство од 3-0, по што Кордова намали на 1-3.

Во второто полувреме Нилсон си постигна автогол за предност од 4-1 на Франкфурт, додека Јовиќ ги постави конечните 5-1 во 75. минута.

Лајпциг имаше двапати предност против Мајнц (1-0 и 2-1), но не успеа да го искористи тоа и на крајот загуби со 2-3.

Останати резултати:

Аугсбург – Унион Берлин 2-1
Баер Леверкузен – Волфсбург 0-1
Фрајбург – Штутгарт 2-1