Фонсека збесна: Се знае кој ги изведува пеналите

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека беше лут на своите фудбалери затоа што самоиницијативно го смениле изведувачот на пенал на синоќешниот меч против Фиорентина.

„Росонерите“ добија два удара од белата точка, но двата ги промација бидејќи Давид де Хеа ги одбрани обидите на Тео Ернандес и Тами Ејбрахам иако тие двајца не се први изведувачи на пенали. Тоа беше една од причините што Милан загуби со 1-2 и ја прекина победничката низа во Серија А.

„Се разбирам дека сум вознемирен кога играчите сами ги менуваат изведувачите на пенали. Пулишиќ треба да шутира, така е одлучено. Вакво нешто не смее да се повтори, им го реков тоа на фудбалерите“, рече Фонсека.

По овој пораз Милан падна на шестата позиција на табелата во Серија А, со пет бода помалку од лидерот Наполи.