Физиотерапевтот на ПСЖ откри кога се враќа Нејмар на теренот

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар не може да му помогне на својот тим во реваншот против Манчестер јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампиони, но Бразилецот доби добри вести од физиотерапевтот на клубот.

Бразилецот на крајот на јануари беше испратен на долга пауза поради проблеми со повреда, откако се повреди во мечот против Стразбур во францускиот Куп.

Нејмар поради тоа го пропушти мечот со Јунајтед во вторникот, кој избраниците на Томас Тухел го добија со 2-0 на „Олд Трафорд“.

„Се чувствувам добро. Бев на неколку терапии, па ги направивме сите неопходни процедури за да бидам подготвен што е можно побрзо. Задоволен сум со напредокот“, вели Нејмар.

Докторот Рафаел Мартин му помага на Бразилецот во процесот на рехабилитација и даде добри вести за парижаните.

„Доколку биде сè во ред и ПСЖ се квалификува во четвртфиналето на ЛШ, тогаш Нејмар би можел да заигра“, кажа Мартин.

Првите натпревари од четвртфиналето се закажани за деветти и десетти април.