
Фиорентина се премисли: Го отпушти тренерот кој пред три недели потпиша договор!
„ФК Фиорентина потврдува дека денеска, по взаемна согласност, е раскинат договорот со тренерот Рафaеле Паладино и со целиот негов стручен штаб“, стои во краткото соопштение на клубот од Фиренца.
На 7 мај, само еден ден пред реваншот од полуфиналето во Конференциската лига против Бетис, Фиорентина објави дека договорот со Паладино е продолжен до 2027 година. Но, по елиминацијата од шпанскиот клуб и поразот од Венеција во наредното коло од Серија А, незадоволството кај навивачите кулминираше.
И покрај тоа, „виолетовите“ успеаа да ги добијат последните две натпревари од сезоната и да се искачат на шестата позиција на табелата, што значи ново учество во Конференциската лига. За Фиорентина ова е најдобар пласман во Серија А од 2016 година, но ниту тоа не беше доволно Паладино да ја добие поддршката од навивачите.
Во својот краток мандат во Фиорентина, Паладино забележа 26 победи, 12 ремија и 15 порази.
Фото: ACF Fiorentina/X