Фиорентина го замени Влаховиќ со бразилска гол-машина (ВИДЕО)

Артур Кабрал е новиот напаѓач на Фиорентина кој доаѓа на местото на Душан Влаховиќ. 

Србинот вчера потпиша за Јувентус за 75 милиони евра. „Виолетовите“ искористија дел од овие пари, поточно 14,5 милиони евра за да го доведат бразилскиот голгетер од Базел.

Кабрал во дресот на швајцарскиот тим на 106 одиграни натпревари има постигнато 65 голови.