Фиго му прости на Роналдо за незгодниот коментар за неговата сопруга

Луис Фиго јавно му прости на поранешниот соиграч Роналдо за коментарот на сметка на неговата сопруга.

Португалецот со Роналдо ја делеше соблекувалната на Реал и освоија многу трофеи, но во еден период нивниот однос не беше најдобар и тоа поради прекрасната Хелен Сведин.

Роналдо и Фиго се скарале во соблекувалната на „кралевите“, а неколку години подоцна Португалецот го заборави тоа и му прости на Бразилецот.

„Во тие моменти не беше пријатно. Од тогаш помина многу време, знам дека Роналдо не мислеше ништо лошо и тоа беше шега“, одговори Фиго.

Во минатото Фиго беше многу љубоморен кога станува збор за неговата сопруга, а токму на негово инсистирање Хелен престанала да се занимава со манекенство.