Фернандеш едвај и го погледна Роналдо на првата средба по бомбастичното интервју (ВИДЕО)

Бомбастичното интервју на Кристијано Роналдо во кое нападна буквално сѐ во и околу Манчестер Јунајтед, а кое уште целосно не е ни објавено, предизвика проблеми не само во таборот на „ѓаволите“ туку и во репрезентацијата на Португалија на првиот собир пред Мундијалот во Катар.

Бруно Фернандеш при доаѓањето во соблекувалната со однесувањето веднаш покажа дека не му е сеедно тоа што го изјави неговиот сонародник, па едвај дури и го погледна иако беа сместени еден од друг, а се ракуваше кратко само на инсистирање на Роналдо.

Тој само куртоазно се поздрави и му дофрли нешто на Кристијано, пред целосно да се тргне од него покажувајќи му така што мисли за неговите зборови, кои секако не ги заболеа само луѓето од управата и стручниот штаб туку и самите фудбалери на Јунајтед.