Фергусон обвинет за пропаста на Манчестер јунајтед

Сер Алекс Фергусон е еден од најдобрите тренери во историјата и најтрофеен во Манчестер јунајтед, меѓутоа постојат луѓе кои го обвинуваат за моменталната состојба на премиерлигашот, кој има очајни резултати.

„Ѓаволите“ ја освоија последната титула во 2013 година под водство на Фергусон, кој потоа се повлече од тренерската позиција, но Гери Линекер смета дека легендарниот тренер е виновник за пропаста на гигантот.

„Ако го погледнеме Ливерпул, имаат нов тренер чиј успех е тестамент на тоа што го остави Јирген Клоп зад себе. Тоа не е во случајот со Фергусон. Знам дека освоија титула во неговата последна сезона, но тоа не беше нивниот најдобар тим. Многу фудбалери беа на крајот на кариерата и мислам дека тогаш се појавија главните проблеми кои се актуелни и денес“, кажа Линекер.

Гигантот од Манчестер во моментов се наоѓа на 14. место со 33 бодови по 27 одиграни кола во Премиерлигата.