
Евертон сака да го купи Елиф Елмас!
Оваа информација синоќа ја објави еден од најпознатите италијански новинари, Џанлука Ди Марцо од „Скај Италија“, потенцирајќи дека во моментов од Англија, засега, има интерес од Евертон за Елмас и од Манчестер јунајтед за Ирвинг Лозано, но без конкретни понуди.
Елмас остана „џокер“ на Лучано Спалети на почетокот на новата сезона, а според Ди Марцо, доаѓањето на Џовани Симеоне, Џанлука Распадори и Тангеј Ндомбеле, ќе биде сериозна пречка за поголема минутажа за Лозано и Елмас, па затоа Наполи нема да прави проблем за трансфер ако дојде примамлива и добра понуда за Македонецот, а и за Мексиканецот.
За Елмас се најавуваше силен интерес од Милан, но наполитанците воопшто не ни сакаа да го продадат Македонецот во директен ривал во лигата. Елмас во Наполи дојде во јули 2019 година од Фенербахче за 16 милиони евра.
#Calciomercato | #Napoli, su #Elmas e #Lozano c’è l’interesse di #Everton e #ManchesterUnited https://t.co/OGIdcdYbUy
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 18, 2022