Енрике заврши во болница, ќе прави итна операција!

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике мора да оди на итна операција откако во петокот доживеа несреќа со неговиот велосипед.

Францускиот клуб ја потврди несреќата и соопшти дека му е скршена клучната коска поради што завршил во болница.

„По велосипедската несреќа, Енрике ќе оди на операција поради скршена клучна коска. Клубот му посакува брза рехабилитација“, соопшти ПСЖ.