Емери со емотивно соопштение се збогува со Арсенал

Унаи Емери синоќа објави проштална порака до навивачите, фудбалери и сите во клубот по отказот од Арсенал. 

Поранешниот тренер на Севилја и ПСЖ им се заблагодари на сите за подршката изминатите 18 месеци.

„До сите навивачи, сакам да ви се заблагодарам од се срце што ми помогнавте да ја разберам и почувствувам големината на Арсенал. До сите вас што не подржувавте од сите страни на светот, сите вие што дојдовте на 'Емирати', сите вие што чекавте на дождот да се поздравите со мене по натпреварите. Сакам да ви кажам дека работев со голема пасија, со пожртвуваност и голем труд.Сигурно дека сакав да постигнеме поголеми резултати. Ова беше година ипол, полна со големи моменти, но и со лоши, но ниту еден ден не помина, а да не чувствував среќа што работев во овој клуб, со овие играчи и нивните лични професионални квалитети“, напиша Емери.