Елмас закован на клупата, Лајпциг ги загуби првите бодови сезонава
И покрај тоа што беше далеку подобар тим, Лајпциг не успеа да го пробие жилавиот противник кој е без пораз досега, но има само една победа и два нерешени резултата. За цврстината на Унион Берлин, најдобар доказ е тоа што по три натпревари е со само еден примен гол.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и денеска не ги забележа првите минути во новата сезона во Бундеслигата. Тој не играше ни против Бохум и Баер во воведните две кола и се уште е без настап на клупско ниво оваа натпреварувачка кампања.
Од останатите натпревари во Бундеслигата попладнево, за издвојување е убедливиот триумф на Баер Леверкузен на гостувањето кај Хофенхајм со 4-1, како и победата на Штутгарт во Менхенгладбах со 3-1.