Елмас против Роналдо во финалето на италијанскиот Куп (ВИДЕО)

Наполи се пласираше во финалето на италијанскиот Куп откако вечерва го елиминираше Интер играјќи 1-1 и ја одбрани предноста од 1-0 остварена на првиот натпреварот во Милано.

„Нераѕурите“ беа можеби подобар тим со многу повеќе шанси, но „наполитанците“ одлично се бранеа. Кристијан Ериксен ги доведе гостите во водство уште во втората минута кога погоди директно од корнер. Интер не реализираше уште неколку шанси во првиот дел па беше казнет преку контра која ја почна Лоренцо Инсиње, а голот го постигна Дрис Мертенс во 41-та минута. Тоа се покажа како конечен резултат, бидејќи Интер немаше сили да го скрши отпорот на Наполи за кој 65.минути играше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Наполи фо големото финале ќе се сретне со Јувентус, синоќа го елиминираше Милан во првото полуфинале играјќи 0-0, а се пласираше во мечот за титулата поради 1-1 на „Сан Сиро“ на првиот натпревар. Финалето на Купот е закажано за во среда на 17 јуни на „Олимпико“ во Рим.