Елмас одигра 90 минути, Наполи се пласираше во четвртфинале на Купот (ВИДЕО)

Наполи се пласираше во четвтфиналето на италијанскиот Куп, откако победи со 2-0 против Перуџа, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути.

Екипата на Елмас во 26. минута постигна погодок од пенал преку Инсиње за водство од 1-0, а 12 минути подоцна истиот фудбалер погоди и за 2-0 и тоа повторно од удар од 11 метри.

Наполи во следното коло од Купот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Лацио и Кремонезе.