Елмас од првата минута против Интер (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е во почетниот состав на Наполи за реванш полуфиналниот натпревар против Интер во Купот на Италија.

Тренерот Џенаро Гатузо му верува на нашиот интернационалец за овој важен натпревар, кој воедно е прв по прекинот на италијанскиот фудбал по пандемијата.

На првиот натпревар во Милано, Наполи славеше со минимални 1-0.