Елмас не доби ниту минута, Наполи загуби и од Фиорентина (ВИДЕО)

Џенаро Гатузо не му помага многу на Наполи откако пристигна на тренерската позиција, па клубот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го доживеа и третиот пораз по ред во Серија А и тоа од Фиорентина со 0-2.

Елмас повторно остана на клупата и ги следеше неговите соиграчи додека се мачат на теренот против гостите од Фиренца, кои постигнаа гол за водство во 26. минута преку Кјеза.

Во второто полувреме се играше израмнет фудбал од двете страни, а Фиорентина преку Влховиќ успеа да ги постави конечните 2-0.

Наполи по 20 одиграни кола се наоѓа на 12. место со 24 бодови, колку што има и Фиорентина на една позиција подолу.