Елмас е херој на Наполи - влезе од клупа и ја урна Аталанта (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва му донесе победа на Наполи на незгодното гостување кај Аталанта со 2-1 во 13. коло од Серија А.

Кварацхелија во завршницата на првото полувреме ја затресе мрежата на домаќините за водство на Наполи од 1-0, додека Аталанта на почетокот на вториот дел погодок преку Лукман за 1-1.

Аталанта беше поконкретна во продолжение на второто полувреме и создаде дури 12 шанси кон голот на актуелниот шампион, меѓутоа не искористи ниту една од нив, па казната пристигна во 79. минута.

Голманот на Аталанта лошо исфрли една топка, која стигна до играчите на Наполи, а потоа Осимен го пронајде Елмас кој ги шокира домаќините.

Наполи по 13 одиграни кола се наоѓа на третата позиција со 24 бодови, односно седум помалку од лидерот Интер.