
Елмас доби нов колега: Наполи го промовираше Квича Кваратсхелија
Момчето кое беше дел од Рубин Казањ до руската агресија врз Украина, по што се врати во татковината, доаѓа во Наполи за пет годишна соработка вредна по еден милион евра годишна плата, а Македонија добро го запамети по спектакуларниот гол што го даде во Скопје од 25 метри во триумфот во минатиот месец на Грузија со 3-0 во Лигата на нации.
Кваратсхелија е засилување за офанзивата, зашто може да игра на сите позиции зад напаѓачот.