ЕХФ го претстави новиот трофеј во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

ЕХФ го претстави новиот трофеј што ќе се додели на победниците во Лигата на шампионите во машка и во женска конкуренција за следната сезона.

Новиот трофеј, кој е идентичен по изглед и за мажите и жените, е претежно направен од рециклиран материјал, вклучувајќи рециклирани ракометни топки.

Концептот на овој необичен дизајн беше да се изрази главната цел на овој спорт, а тоа е да се постигнувањето голови и динамичното движење во моментот кога топката ќе влезе во мрежата.

Обликот на штитот ја покажува важноста на тимската работа во ракометот, додека мрежата ја симболизира самата врска помеѓу играчите.