Ѕвездата на Барса го напушти тренингот откако слушна дека нема да биде стартер против Реал
Според „ЕСПН“, Видал полудел кога слушнал дека Ернесто Валверде не планира да го стави во почетниот состав. Обично, 32-годишниот Чилеанец останува на тренинг и подолго отколку што треба, но овој пат го „скрати“ тренингот, лут поради фактот дека нема да биде во составот.
Неколку играчи се обидоа да го утешат, но чилеанскиот интернационалец не можел да се смири.
Оваа ситуација може одлично да ја искористи и тренерот на Интер, Антонио Конте, кој веќе подолг период е заинтересиран за Видал, па можат уште во јануари можат да тргнат со преговори за негов трансфер.
Артуро има остварено 17 настапи оваа сезона и постигна четири гола, но од клупата влезе во 12 наврати. Тој пристигна во Барса од Баерн за нешто помалку од 20 милиони евра летото 2017 година и забележа 70 настапи за тимот од „Ноу Камп“.