
Ѕвезда на Барселона: Првиот ден во „Ла Масија“ ми беше најлош во животот!
Лопез во интервју за медиумите зборуваше за различни теми, меѓу кои и почетокот на неговата кариера и првите чекори во „Ла Масија“.
„Барселона покажа интерес за мене кога имав 11 години, но мојот татко ги одби. Две години подоцна клубот повторно тргна по моите услуги. Почетокот не беше лесен, морав да бидам далеку од семејството и пријателите. Ми беше многу тешко. Првиот ден во Ла Масија ми беше најлош во животот“, открива Лопез.
Младиот фудбалер досега настапи на 93 меча за Барселона, а притоа постигна 21 гол и 11 асистенции.
Фото: Barcelona FC