Џордан Хендерсон е фудбалер на годината во Премиерлигата

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е прогласен за најдобар фудбалер во Премиерлигата за оваа сезона 2019/2020 од Асоцијацијата на фудбалски новинари.

Англичанецот беше лидер на „црвените“ до нивната прва титула во ерата на Премиерлигата и до најстарата индивидуална награда во Англија ги победи Кевин де Брајне од Манчестер сити, Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, како и тимските колеги Вирџил ван Дајк и Садио Мане. Гласови добија и Трент-Александер Арнолд и Алисон Бекер од Ливерпул.

„Колку и да сум благодарен, чувствувам дека оваа награда не треба да ја примам само како моја. Не чувствувам дека она што го постигнав оваа сезона, дури и целата моја кариера е само мој труд. Многу им должам на многу луѓе, но на никој како на моите сегашни соиграчи, кои беа неверојатни и ја заслужуваат оваа награда исто колку и јас“, изјави Хендерсон.

Наградата за „Фубалер на годината“ се доделува уште од 1948 година, а прв добитник беше сер Стенли Метјуз.