Џенова влезе во битка за Бонучи
Бонучи не е во плановите во Јувентус, најтрофејниот клуб не го ни пријави за новата сезона, но прашањето за иднината дефанзивецот сѐ уште не ја решил на неколку дена пред крајот на преодниот рок.
Причината е што сака да остане во Италија, а има добра понуда да оди во Берлин, иако и Лацио веќе подолго време во брка, но никако да најдат заеднички јазик. Според последните информации, Џенова сега влегла во трката за да го ангажира и со сите сили се обидува да го убеди да дојде во овој клуб како засилување на одбраната.