Џенова без Пандев го загуби дербито со Сампдорија (ВИДЕО)

Џенова никако да запише победа во италијанската Серија А, а денеска загубија од ривалот за опстанок Сампдорија со 0-1.

Во очајниот меч во кој не беа забележани многу шанси, Сампдорија успеа со погодокот на Габијадини во 85. минута да ги постави конечните 1-0 и да избега од опасната зона.

Сампдорија во моментов има 15 бодови, односно два повеќе од опасната зона, додека Џенова е претпоследна на табелата со само 11 освоени бодови.

Да потсетиме, македонскиот репрезентативец Горан Пандев не беше во конкуренција за денешниот меч поради суспензија.