Двајца фудбалери и тренерот на Зенит станаа суперхерои: Спасија човек од пожар

Двајца фудбалери и еден тренер на вториот тим на Зенит направија неверојатно храбро дело влетувајќи во запалена зграда за да спасат човек. 

Тимот се подготвува за вториот дел од сезоната во Белек, Турција. За време на вчерашниот тренинг, фудбалерите забележале пожар во една од зградите во тренинг-центарот „Титаник“. Ислам Жилов и Никита Симџакин, заедно со својот тренер Луис Ангула побрзале да видат дали треба помош.

Тие влетале во зградата и забележале едно лице кое било онесвестено на подот поради големиот чад. Ангула почнал да го гаси пожарот, додека Жилов и Симџакин го извадиле човекот на сигурно. За среќа тој немал сериозни повреди и брзо ја повратил свеста.